Брзо лебче
Состојки
- 550 гр бело брашно
- 7 гр сув квасец или 10 гр пресен
- 1 лајче сол
- 300 мл топла вода
- 2 лајци мед
Подготовка
Во млака вода се раствора медот.
Во брашното се додава сол и сув квасец или пресен предходно зафатен.
Тестото се замесува на меко со додавање на водата малку по малку. Се оформува и се става на плех со хартија за печење и се покрива со најлонска фолија. Се остава 30-тина минути да надојди.
Кога ќе надојди, се премачкува со млеко и се посипува со брашно.
Се печи 30-тина минути на 200 степени.