Сирењаци со ким
Состојки
- 250гр. маргарин
- 2цели жолчки
- 200гр. кисела павлака
- 1кесичка печиво
- 300гр. ситно рендано бело сирење
- 600гр. брашно
- 1 цела белка
- 1 кесичка (10гр) ким
Подготовка
Од маргаринот кој стоел на собна температура заедно со жолчките, сирењето и павлаката се бие кремаста смеса,во која се додаваат брашното,печивото.Се меси тесто,се сука кора со дебелина од некои 5-6 мм. се сечат форми на правоаголни плочки,се премачкуваат со белка и се роси ким,на наредени сирењаци во плех.Се печат на 200 да заруменат.Доколку милувате посолен кус тогаш се додава малку сол во тестото.