Пита болоњезе со босилек
Состојки
- 25лажици брашно
- 20гр. квасец од коцка
- 3лажици шеќер
- 1лажица сол
- 280мл. топло млеко
- 4лажици масло
- за филот
- 300гр. мелено месо
- 200гр. рендан кравји кашкавал
- 1главица ситно сечкан кромид
- 2 парченца лук
- 200гр. кечап(доматна салса)
- 1/2лажичка босилек,црн пипер,сол на вкус
Подготовка
Од состојките најгоре наведени се подготвува тесто така што квасецот се зафаќа одделно во мал сад,се додава од веќе подготвеното топло млеко,нека се активира. Во меѓувреме се сечка кромидот и се прават основните припреми за подготовка на филот.Од брашното,млеко,квасец,масло,сол,шеќер се замесува меко тесто,кое се излева врз веќе премачкан плех со масло...или ако сакате за попосна варијанта врз хартија за печење,убаво се распоредува по целата површина со прстите од рацете...оставаме да си надојди.
Се пропржува кромидот,се додава меленото во тавчето,сол,црн пипер,лук,нека забели малку,се става мало филџанче вода,нека си прокрчка,при крај се долева кечап(мојата е домашно подготвена верзија кечап,објавена порано),се става босилекот,се трга од оган. Врз тестото се става цел сос,најгоре се прекрива со танки парчиња кашкавал,се печи во рерна на 200. За совет би додала дека убаво би било да се припрема сосот во керамичко тавче да има помалку маснотии ...