Испечати

Едноставно подготвен прокељ

Едноставно подготвен прокељ

Состојки

  • 300гр. прокељ
  • 1/2 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 100гр. тенки кругови мортадела
  • 1 лажица путер
  • 500мл. зеленчукова супа
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка

Во зовриената зеленчукова супа ставете го прокељот.
Варете го 13-15 минути.

Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее.
Додајте ги ситно сецканиот кромид и лук.
Кратко пропржете па додајте ја мортаделата исечена на мали коцки.
Откако ќе се запржи и мортаделата додајте го обарениот прокељ и путерот.
Гответе уште 5 минути на среден оган.