Гурманска тава со месо од дива свиња
Состојки
- 1кг. месо од дива свиња
- маринада
- 1 чаша бело вино(може и црно)
- 3-4 моркови
- 3-4 главици кромид
- малку бибер,сол,ловоров лист
- Сос
- 200гр. димен сецкан бут
- 500кг. печурки
- 500мл. неутрална павлака за готвење
- малку буковец,оригано и ситно сецкан магданос
Подготовка
Првата гурманска тава оваа година е подготвена и многу слатко изедена. Во нашиот дом ова е посебен специјалитет и со посебен мерак се подготвува.Еве еден начин за подготовка на дива свиње.Се надевам дека ќе ви подготвам неколку различни начини доколку ловџијата го послужи среќа.
Подготовка.
1.Месото ситно го сецкаме и преку ноќ го оставаме во маринадата.Наредниот ден му налеваме вода и на тивок оган го вариме два часа.Откако месото ќе биде убаво сварено го префрламе во земјена тава.
2.Во тава за пржење ги пропржуваме сецканите моркови,кромидот го пасираме и него малку го пропржуваме.Потоа го додаваме бутот и печурките и се заедно на тивок огин пржиме неколку минути.На оваа смеса ја додаваме павлаката и зачините мешаме и сипуваме во земјената тава.Малку налеваме од маринадата во која се вареше месото.
Земјената тава ја затвараме со капак и крчкаме во рерна на 200степени уште еден час,петнаесетина минути пред крај го тргаме капакот да се запече тавата малку.
Добар апетит!!!