Вкусни ледени коцки
Состојки
- тесто
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 1 пециво
- фил
- 700 мл млеко
- 9 лажици брашно
- 12 лажици шеќер
- 2 кесички ванилин шеќер
- 250 гр маргарин
- 100 мл слатка павлака
- 3 лажици црн еурокрем
- шербет
- 250 гр шеќер
- 250 мл вода
- глазура
- 100 гр чоколадо за готвење
- 5 лажици масло
Подготовка
Започнуваме со подготовка на тестото. Во подлабок сад ги матиме јајцата со шеќерот. Откако ќе се добие пенеста смеса се додаваат брашното, какаото и пециво. Смесата се меша со лажица са стане хомогена и се истура во правоаголна тава за печење претходно намрсена со путер. Печеме 15мин на 180 степени. Во меѓувреме се припрема шербетот. Во сад на оган се става да зоврие шеќерот и водата. Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна и со лажица го преливаме пандишпанот со изладениот шербет.
На оган се става 500 мл млекото и шеќетот да проврие. Во преостанатото млеко се додаваат 9 лажици брашно и со непрекинато мешање се истура разматеното брашно во зовриеното млеко. Се вари густ крем. Во кремот се додава и ванилиниот шеќер Кога ќе се излади се мати со 250 гр маргатин. На страна се мати слатката павлака и во неа се додава 1/3 од сварениот крем со брашно и 3 лажици црн еурокрем
Врз тестото се истура прво белиот крем останатите 2/3 и врз него темниот крем. Во сад се растопува чоколадото со 5 лажици масло и се истура врз целиот колач. Колачот се остава во фрижидер да стегне и потоа се сечат коцки....Добар апетит