Испечати

Векна со сецкано месо и кашкавал (со памук тесто од Лилјана Илиева)

Векна со сецкано месо и кашкавал (со памук тесто од Лилјана Илиева)

Состојки

  • тесто
  • 240мл. топло пресно млеко
  • 240мл. топла вода
  • 240мл. зејтин
  • 5лаж. шеќер
  • 1 лажица сол
  • 20гр. свеж квасец
  • 840гр. брашно
  • 500кг. месо(свинско)
  • 1 лажичка буковец
  • 1 лажичка сол
  • малку оригано,бибер и зејтин
  • 200гр. кашкавал

Подготовка

Уште првиот пат кога ја видов погачата знаев дека од него може како што вика Лиле да месите и да си креирате било што кифли, погачи, форми кои вие ќе ги посакате.Ова ќе биде првиот рецепт кој е инспириран од ова тесто и тука не застанувам затоа што тестото е преубаво.
Подготовка.
1.Брашното просејте го во садот каде што ќе го местите. На средина активирајте го квасецот со шеќерот и дел од млаката вода.Додадете ја солта и остатокот од шеќерот,потоа зејтинот и млекото и остатокот од топлата вода.Замесете да добиете фино,меко еластично тесто.Тестото оставете да стаса потоа формирајте векни...слични на нашата традиционална пастрмајлија.
2.Месото го сецкам и зачинувам го оставам неколку часа да одстои.Понекогаш го правам од вечер.Врз векните го нанесувам сецканото месо,печеме на 200степени половина час.Пред печење врз векните ставам мали парченца свинска маст.Откако ќе добијат преубава златна боја ги вадиме од релна и рендаме кашкавал.
Добар апетит!!!