Тиквички со ориз
Состојки
- 2 Тиквички
- 1 Главица кромид
- 2-3 рендани домати ( или доматно пире)
- 1/2 чаша ориз
Подготовка
Кромидот ситно се сецка и се пржи во плекче со масло на тивок оган. Потоа се додава оризот и кога е пржен се рендаат доматите или се додава доматно пире по желба (околу една чаша). Се остава на оган на тивко и се промешува. Двете тиквички се сечат на кругови и се редат во плекчето скалесто. Се додава свеж магданос, сув босилек, се зачинува со мешан зачин, црн бибер и сол по желба и се залива со вода. Малку се протресува плекчето за да се измешаат добро зачините. Се остава да оган да вари околу 5 минути, па се покрива со алуминиумска фолија и се става во предходно загреана релна на 200 степени. 10-тина минути пред крајот се одскрива.
Може да се сервира во комбинација со кисела павлака или рендано сирење.