Кремаста торта со блок чоколадо и ореви
Состојки
- За пандишпанот
- 7 јајца
- 7 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 7 лажици мелени ореви
- 1 кесичка прашок за печиво
- За филот
- 500 мл. слатка павлака
- 3 јајца
- 13 лажици шеќер
- 100гр. мелени ореви
- 200гр. блок чоколадо
Подготовка
Кремаста тортичка која испадна сосема случајно, од состојките што ги имав моментално дома. Но од крајниот резултат бевме особено задоволни и затоа одлучив да ја споделам со вас.
Подготовка на пандишпанот
Во садови за матење ги матиме посебно белките со пола од шеќерот, посебно жолчките со преостантиот шеќер.
Ги соединуваме, ги додаваме преостанатите состојки и матиме со жица за матење додека смесата не стане хомогена.
Смесата ја префрлуваме во тава за печење која претходно сме ја обложиле со хартија за печење.
Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Откако ќе се испечи пандишпанот го оставаме да се излади а потоа го сечиме на 3 еднакви дела.
Подготовка на филот
Слатката павлака пред матењето ставете ја во замрзнувач пола саат. Потоа матете ја додека не се згусти.
Јајцата разделте ги жолчките од белките и матете ги посебно со по пола од шеќерот. Така изматени додајте ги во садот кај матената павлака и измешајте ги додека смесата не стане хомогена. Чоколадото изрендајте го на крупната страна на рендето и додајте го во смесата, додајте ги и оревите и измешајте.
Филувајте ја тортата, а најодозгора наросете ја со рендано чоколадо и мелени ореви.
На здравје!