Роденденска торта
Состојки
- 2 теста
- 7 јајца
- 7 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 3 лажици лебни трошки(презла)
- 3 лажици зејтин
- 3 лажици какао
- 1 лажичка прашок за пециво
- третото тесто исто како првите две само место какао капучино
- фил 1
- 700мл. млеко
- 200гр. шеќер
- 2 пудинга од чоколада
- 3 лажици густин
- 5 лажици матена слатка павлака
- 10 крем бананки
- фил 2
- 700мл. млеко
- 200гр. шеќер
- 2 пудинга ванила
- 3 лажици густин
- 100гр. лешници
- 100гр. млечна чоколада
- 5 лажици матена слатка павлака
- 1л. слатка павлака
Подготовка
Ова е торта која ја подготвив за мојата Анастасија за нејзиниот деветти роденден.
Подготовка.
1. На почеток ги оделиваме жолчките од белките. Белките ги матиме и пред крајот го додаваме шеќерот. Жолчките ги матиме заедно со шеќерот. Двете смеси ги соединуваме со лесно мешање. Во смесата ги додаваме какаото, презлата, брашното и една лажичка прашак за пециво. Смесата ја сипуваме во плех од шпорет и печеме на 180степени дваесетина минути.
Подготвуваме две исти теста, третото е исто само што место какао ставаме капучино.
Фил.
2. Од млекото оделуваме 200мл.и во него го мешаме пудингот и густинот. Преостанатото млеко го загреваме заедно со шеќерот. Во него постепено го додаваме пудингот, вариме убав густ крем.
3. Ваков ист крем вариме и со пудингот и густинот од ванила.
4. Слатката павлака ја матиме и одкако ќе ни се изладат филовите им додаваме по пет полни лажици на секој од филовите со пудинг, повторно матиме. Значи додаваме пет лажици павлака на филот од чоколада и филот од ванила. Во филот од чоколада сецкаме десет крем бананки, додека во филот од ванила сецкана чоколада и мелени лешници. Почнуваме со тесто од какао, црн фил, тесто со капучино, бел фил, тесто со какао на крај филуваме со црн фил.
Забелешка.
Тортата ја филував со остатокот од слатката павлака. Малку пробував и се учев со новите калапчиња и готварско кесе за филување.