Колачиња од тиква со чоколадни топчиња
Состојки
- 330гр пире од тиква (печена)
- 200гр шеќер
- 120мл масло
- 1 големо јајце
- 2 ванили
- 1 мало лажиче сода бикарбона
- 1 мало лажиче млеко
- 300-350гр брашно
- 2 мали лажички пециво
- 1 мало лажиче цимет
- 1/2 мало лажиче мелено каранфилче
- 1/2 мало лажиче сол
- 300гр чоколадни топчиња
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени, ставете хартија за печење во пелхот во кој ќе печете.
Во голем сад изматете го пирето од тиква, шеќерот, маслото, јајцето и ванилата. Во посебен сад измешајте со лажица брашно, зачини и пецивото. А во помал сад измешајде ја содата со млекото, тоа додадете го на измиксираната смеса и потоа додадете го измешаното брашно со останатите состојки. Убаво измешајте. На крај додадете ги чоколадните топчиња. Ако немате чоколадни топчиња слободно измешајте што имате, чоколадни трошки, дробен орев или слично. Смесата која ќе ја добиете треба да е густа. Ако сакате посуви колачи слични на бисквит, додадете уште брашно, јас не ги сакам овие толку суви, ги сакам меки како медењаците. Со лажица црпнувате од смесата и редите топчиња во плехот на хартијата за печење. Ги ставате во веќе загреаната рерна да се печат 10-15 минути.
Пријатен десерт