Испечати

Лепчиња со тиква - тиквиња

Лепчиња со тиква - тиквиња

Состојки

  • Тесто
  • 250 гр пире од печена тиква
  • 100 мл масло
  • 200 мл топло млеко
  • 1/2 коцка квасец
  • 1,5 лажиче сол
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 650-700 гр брашно
  • За премачкување
  • по потреба путер
  • по потреба кујнски конец за формирање на тиквината
  • 6 бадеми за дршките за тиквината

Подготовка

Пред да се започне со месење на тестото тиквата изблендирајте ја да стане помазна. Потоа ставете ја во сад за месење. Додајте ги и останатите состојки за тесто освен брашното. Брашното постепено додавајте го и месите додека добиете изедначено мазно, меко тесто.
Покриено оставете го да скисне околу 30 минути. Потоа премесете го и поделете го на 12 дела.
Од секој дел оформите топче. Преврзете го со кујнскиот конец 4 пати за да се добијат 8 делчина, како што ќе исечеме јаболко. При врзувањето не треба многу да стегате бидејќи со киснењето конецот малку ќе навлезе во тестото.
Наредете ги во плех со хартија за печење и премачкајте ги со изматетено јајце.
Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени и за тоа време ќе скиснат. Ставете ги да се печат околу 25 мин.
Кога ќе ги извадите премачкајте ги со путер, оставете ги да подоладат и извадете го конецот.
Конецот најпрво исечете го на средина од горната и долната страна на лепчето каде се вкрстува. Конците извлечете ги внимателно (за да не се распаднат формираните делчиња) од долната страна на лепчето. Наредете ги во чинија за сервирање и на секое во средината ставете му по пола бадем како рачка на тиквината.
--Ако немате толку време за врзвење, одврзвење направете си и обични колачина или кифлички. Лепчинава се превкусни и меки како душа.