Брза торта со малини и ванила крем
Состојки
- 1 пакетче мали готови кори за торта (паста)
- 1,5 шолја малини
- 1 шолја вода
- 1/2 шолја шеќер
- 1/3 коцка (85гр) маргарин
- 1 пак. прашок за пудинг од малини или шумско овошје
- 1 пак. прашок за пудинг од ванила
- 2 пакетчиња шлаг крем од ванила
Подготовка
Имав купено малини. Мислев дека брзо ќе ги искористам, но ме зафати моментот со местење кујна, а тие веќе мораа да се искористат или да се изигнорираат и фрлат. Одлуката на цел хаос падна за да се искористат, со обзир на тоа дека по некое чудо толку доцна до сега на пазар не сум сретнала се уште да се продаваат. Тортата, во случајот паста е резултат на импровизација во вонкујнски услови и моја импровизација за спасување на доцните малини. Испадна многу вкусна и на сите им се допадна, барајќи парче плус, па решив да ја споделам и овде, но со една напомена дека мерките се провизорно дадени, бидејќи немав услови за точно мерење, па повеќе се правеше одокативно и по осет. Сликана е непосредно брзо после правење во неуслови и брзински исто така. Инаку, пресекот кога достоинствено ќе одстои е многу посолиден : )
Ставете ги малините и шеќерот на оган. Додека се варат со вилушката можи да ги испасирате, но не е опходно. Кога ќе зовријат, додадете ја водата и оставете за зовријат и со неа. Прашоците за пудинг еден по еден посебно растворете ги со малку вода и мешајте додека се згусти.
Тргнете на страна, додадете го маргаринот, убаво промешајте и оставете да се олади. Повремено мешајте.
Шлаг кремот припремете го спрема упатството, со таа разлика што ќе намалите 100 мл вода за да биди поцврст.
Репер за шолја 200-220 мл.