Брз баник
Состојки
- 500гр брашно
- 1/2 свеж квасец
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- млака вода по потреба да се замеси тестото
- 1 маргарин
- 5 страка пропржен праз
Подготовка
Се меси тестото не кисне се дели на 1 поголема топка и 1 помала топка. Ја зимаме поголемата топка ја расукуваме во кора и ја сечиме на 4 ленти. Секоја лента ја мачкаме со маргарин и ја зимаме првата кора и ја виткаме во вид на ролна. Ја ставаме врз другата кора и постапката ја повторуваме до четвртата кора. Ја ставаме во фриждер да стои.
Ја земаме помалата топка и ја работиме исто како првата.
Големата топка ја вадиме од фрижидер и ја ставаме малата топка. Тавичка бр.32 ја намрсуваме со маргарин и првата смеса ја сукаме поголема кора од тавичката ја ставаме во тавичката и се става фил по желба јас ставив праз претходно испржен. Ја зимаме втората топка од фриждер исто ја расукуваме ама во помала кора и ја ставаме врз филот и правиме витки од поголемата кора.Добар апетит.