Гибаница со кори од хељда
Состојки
- 500 гр готови кори од хељда
- 500 гр урда
- 3 јајца
- 100 мл млеко
- 200 мл јогурт
- 100 мл зејтин
- 1 прашак за пециво
- малку сол
Подготовка
Земете 4 кори и секоја премчкајте ја со урда, наредете ги една врз друга и завиткајте ги како ролат. Исечете го ролатот на парчиња околу 3 цм дебелина.Поторете ја постапката и со останатите кори. Тавчето за печење премачкајте го со малку зејтин наредете го секое парче свртено нагоре, круговите да се гледаат одозгора. Во посебен сад ставете го млекото, јогуртот, зејтинот, пецивото и солта. Измешајте и прелијте преку гибаницата. Печете во претходно заграна рерна на 200 степени околу половина час.