Видео рецепт: Телешки шнитови со брускети
Состојки
- 2 телешки кременадли
- маслиново масло
- Ворчестер сос
- 2 чешниња лук
- 1 гранче рузмарин
- 50 гр. путер
- парчиња леб
- За САЛАТА ќе ви треба:
- 1 краставица
- оцет и масло
Фичо ќе подготви ручек по негов вкус, телешки кременадли со брускети.
Подготовка
Чекор 1: Рерната загрејте ја на 200 степени.
Телешките кременадли премачкајте ги со маслиново масло и Ворчестер сос. Оставете ги на страна.
Чекор 2: Парчињата леб, премачкајте ги со маслиново масло, додадете сол и бибер и потпечете ги во рерна додека да добијат златна боја.
Чекор 3: Во тавче на рингла ставете масло да се згрее. Пржете ги кременадлите од двете страни да поруменат. По една минута од секоја страна. Додадете го путерот, исечканото лукче и гранчето рузмарин. Кога ќе се растопи путерот прелевајте го преку месото. Превртувајте го месото постојано, тоа е тајната на сочното месо.
Чекор 4: Краставицата исечете ја на полумесечинки, додадете оцет, масло и копар.
Чекор 5: Месото послужете го во комбинација со салатата и брускетите.
СОВЕТ: Кога се подготвуваат телешки кременадли, правилно е да не се допечат. Но, познавајќи ги нашите навики за исхрана, ќе ви кажеме испечете ги според ваша желба.