Саќе погача со мелено месо
Состојки
- За тестото
- 400 гр брашно
- 125 гр свинска маст
- 125 гр пире од компири
- 1 јајце
- 125 мл млеко
- 1/2 свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- 1/2 лажичка сол
- За фил
- 300 гр мелено месо
- 150 гр свежи печурки шампињони
- 1 кромид
- 4 лажици масло
- 150 гр кашкавал
- 2 лажици пире од домати
- 1 лажица мешан сув зачин
- сол, бибер и по желба
- За премачкување
- 1 јајце, сусам
Подготовка
1. Во млакото млеко ставете го квасецот, шеќерот и 1 лажица брашно и почекајте да се активира. За тоа време измерете го брашното и во него ставете ги останатите состојки. Со млекото и квасецот замесете глатко тесто. Оставете го во сад во фрижидер 2 часа.
2. Кромидот ситно насечкајте го и пропржете го на масло, па додадете го меленето месо да се запржи. Потоа додадете ги ситно насечканите печурки, кратко пропржете ги, па додадете мала количина на вода и динстајте додека да испари. Пред крај на динстањето ставете го домантното пире и зачините.
3. Тестото расукајте го да биде со дебелина од 0,5 см. Со округло калапче или пак некој сад со пречник од 10 см, направете кругови во тестото. На секој круг ставајте од филот и од наренданиот кашкавал. Соберете го тестото од крај кон средината и направете топче.
4. Во намрсена и набрашнета тава бр. 28 наставајте ги топчињата така да слепените краеви бидат свртени надоле и на одредено растојание. Тестото намачкајте го со изматено јајце и посипете сусам. Оставете да стаса. Печете во загреана рерна на 200 степени додека да порумени или околу ½ час.