Видео рецепт: Студентски колач
Состојки
- 150 гр. суви смокви
- 250 гр. суво грозје (Или вкупно 400 грама суво овошје по желба)
- 50 гр. шеќер
- малку рум
- 5 белки
- 200 гр. шеќер
- 1 лист обланда
- шеќер во прав за посипување
Фичо ќе го подготви рецептот на Лилјана Илиева, кој таа го нарече Студентски колач.
Подготовка
Чекор 1: Сувите смокви исечкајте ги ситно. Измешајте ги со сувото грозје, додадете го шеќерот и румот и оставете ги да отстојат 20 минути. По 20 минути исцедете ги убаво.
Чекор 2: Во сад за матење ставете ги белките и изматете цврст снег, а потоа додадете го шеќерот.
Чекор 3: Исцеденото овошје додадете го во снегот од белки и мешајте со шпатула додека да добиете изедначена смеса.
Чекор 4: Во големиот плех од Делимано ставете еден лист обланда и прелејте ја со колач смесата.
Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.
Сервирајте коцки, посипани со малку шеќер во прав.
СОВЕТ: Овој рецепт е едноставен за подготовка, но резултатот е многу вкусен колач. Пробајте го и кажете ни ги впечатоците .