Пита со јаболка
Состојки
- 250 гр брашно
- 10 гр ванилин шеќер
- 2 лажици шеќер
- 1 белка од јајце
- 125 гр маргарин
- прстовет сол
- 5 јаболки
- премачкување
- 1 жолчка
- за посипување
Подготовка
Брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер, белката и маргаринот се замесуваат во ронливо тесто.
Тестото се расукува и се става во садот за печење на кој веќе имате поставено хартија за печење. Краевите од тестото подигнете ги покрај ѕидот на садот, а дното на тестото избодете го со вилушка на неколку места. Јаболката, излупени и исечени, ги редите врз тестото. Вака подготвената пита се остава во фрижидер да отстои околу 60 минути.
Пред да се пече, краевите на тестото премачкајте ги со разматена жолчка
Се пече на температура од 180 степени, 35 минути во претходно загреана рерна, готова е кога краевите на питата се заруменети.
Оладената пита посипете ја со шеќер во прав.
совет
Наместо јаболка може да користите и друго овошје по ваш вкус