Зелник со шампињони и зденки
Состојки
- Тесто
- 900 гр. брашно
- 50 мл. масло
- 1 лажиче сол
- Фил
- 1 тегла маринирани шампињони
- 4 јајца
- 50 мл. јогурт
- 5-6 зденки
Подготовка
Се замесува тесто со млака вода, заедно со солта и маслото. Мене плехот ми е многу голем затоа ми влегува 900 гр. брашно ако имате помал плех ставете помалку. Убаво го измесуваме тестото, па го делиме на два дела, едниот помал другиот поголем. Потоа со половина омекнат маргарин ги премачкуваме двете отворени кори. Ги диплиме повеќе пати како плик и ги ставаме во фрижидер 30 минути. Потоа пак ги расукуваме и ги премачкуваме со другата половина маргарин. Потоа пак во фрижидерот ги оставаме еден час. Плехот го премачкуваме со малку маргарин. Поголемата кора ја расукуваме и ја ставаме во плехот. Го подготвуваме филот. Шампињоните ги сецкаме, ги додаваме јогурот, јајцата и исецканите зденки, промешуваме и го истураме врз отворената кора и убаво разнесуваме. Потоа ја расукуваме помалата кора, па правиме набори на неа и мала витка. Зелникот го печеме во претходно загреана рерна на 200 степени околку 30 минути.
Добар апетит!