Испечати

Празни кифли

Празни кифли

Состојки

  • 600гр. брашно
  • 250мл. млако млеко
  • 50мл. млака вода
  • 100гр. путер
  • 50гр. шеќер
  • 1 квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 јајце
  • за премачкување на кифлината
  • 1 жолчка
  • малку млеко

Подготовка

Путерот се растопува во млекото.
Квасецот се раствара во млаката вода.
Во сад се ставаат брашното, шеќерот, јајцето, солта, растворениот квасец и млекото заедно со путерот. Смесата ја матиме со миксер со додатоците за тесто додека сите состојки добро не се соединат. Ќе добиете меко тесто. Тестото го покриваме со крпа и го оставаме да надојди околу 1 час.
Работната површина ја покриваме со брашно, го ставаме тестото на неа и го размесуваме тестото. Тестото го делиме на неколку помали топчиња. Од топчињата правиме кифлина.
Кифлите ги ставаме во намрсена тава и ги оставаме да стасаат. Пред печење кифлите ги премачкуваме со разматена жолчка во која сме додале млеко. Кифлите се печат на 200 Ц. околу 20 мин.
Кифлите се многу меки, а ако сакате можете да ги филовате со мармалад или крем.