Распукани колачи
Состојки
- 2 јајца
- 60гр. путер
- 200гр. црно чоколадо
- 200гр. брашно
- 2 ванили
- 100гр. кафеав шеќер
- 1/2 пециво
- кристал шеќер по потреба
- шеќер во прав по потреба
Подготовка
За овие колачи најважно е да користите црно чоколадо, не имитација како што се таблите бидејки нема да го постигните саканиот ефект ,а и вкусот на колачите нема да биди тој вистинскиот.
Најпрво чоколадото, шеќерот и путерот се топат на многу ниска температура. Кога ќе се стопат се тргат настрана и се додаваат јајцата едно по едно постојано биејки со миксерот и потоа се додава брашното, ванилите и пецивото. Вака подготвеното тесто се остава во фрижидер околу 1 час, а можи и повеќе.
На плех обложен со хартија се редат колачите. Колачите ги правиме со рацете, правиме тркалезни форми и потоа ги наросуваме прво во кристал шеќерот, а потоа во шеќерот во прав. Печиме на 180 степени околу 10 минути.