Испечати

Колачи со вкус на кафе - Cupcake Moka

Колачи со вкус на кафе - Cupcake Moka

Состојки

  • За чоколадните зрна кафе
  • 100гр. горко чоколадо
  • За ганаш
  • 100гр. млечно чоколадо
  • 50гр. горко чоколадо
  • 100гр. слатка павлака
  • 1 лажица ликер од кафе
  • За колачите
  • 100гр. чоколадо со вкус на кафе
  • 100гр. омекнат путер
  • 100гр. шеќер
  • 2 јајца
  • 170гр. саморастечко брашно
  • 4 лажици слатка павлака

Подготовка

Најпрво ги подготвуваме чоколадните зрна.
Чоколадото го растопуваме на пареа и со помош на готварски шприц го префрламе во калапчињата за зрна. Ги оставаме да се затегнат.
Подготовка на ганаш
1. Чоколадото исечкајте го на многу ситни парченца.
2. Слатката павлака ставете ја на тивок оган и столете ја но не оставајте да врие.
3. Тргнете ја павлаката од оган и додајте го во неа исечканото чоколадо и мешајте додека смесата не стане хомогена.Оставете ја да се излади убаво а потоа ставете ја во фрижедер пола час.
Во меѓувреме подгответе ги колачите
1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Чоколадото растопете го на пареа.
3. Со миксер изматете ги путерот и шеќерот додека смесата не стане кремаста. Потоа додајте ги јајцата 1 по едно заедно со 1 лажица од брашното. Откако ќе добиете убава мазна смеса додајте ги и растопеното чоколадо, преостанатото брашно и слатката павлака и матете додека смесата не стане хомогена.
4. Со пмош на лажичка префрлете ја смесата во намастените калапчиња. Секое калапче полнете го 2/3.
Печете ги колачите околу 10 -12 минути.
Откако ќе се испечат остајте ги да се изладат на жица.
Извадете ја ганашот од фрижидерот и матете ја со миксер додека не се згусти. Додајте го и ликерот и матете уште неколку минути.
Со помош на готварски шприц нанесете ја ганашот врз колачите и декорирајте ги со чоколадните зрна.
Излегуваат 12 колачи.