Испечати

Гурманско тавче (Турлитава )

Гурманско тавче (Турлитава )

Состојки

  • 3 компира
  • 1 тикве
  • 2 лажици пикантна домата
  • 3 главици кромид
  • 400гр димено месо
  • 4-5 бамји
  • 5 лажици мешавина од пченка, грашок и морков

Подготовка

Една фина тава која нема да ве остави рамнодушни.
Тава полна витамини и здравје.
Сечете го зеленчукот на коцки. Истото важи и за кромидот. Пржете по ред, кромидот па тиквето, компирот, месото сечкано на коцки и се останато. Зачинете по вкус и ставете ловор. Пикантната домата додајте ја при крајот и полејте со вода колку да покрие. Ставете ја тавата во рерна и оставете рерната да си го направи своето. Повремено проверете до кај стасало испарувањето на водата. Открите го капакот и оставете тавата да си ја добие посакуваната боичка,па седнете си со топло лепче.
На здравје нека ви е.