Мали мафини со млад кромид и сирење
Состојки
- 18 лажици брашно
- 3 јајца
- 1 шолја јогурт или кисело млеко
- 1/2 шолја зејтин
- 3-4 млади кромидчиња
- 100-150 гр. сирење
- 1 прашок за печиво
Подготовка
Исецкајте го младиот кромид, а сирењето изрендајте го или издробете го.
Во подлабок сад ставете си сите состојки (освен сусамот) и мешајте со жица за матење. Брашното додадете постепено на крајот.
Смесата сипете ја во сад за мафини и одозгора наросете со сусам.
Мафините може да се направат по желба со праз, маслинки, шунка, кашкавал, печурки, морков, грашок и тн.