Видео рецепт: Топло предјадење од зеленчук и сирење
Состојки
- За СМЕСАТА ЗА ПОХУВАЊЕ ќе ви треба:
- 300 гр. брашно
- 2 јајца
- 100 мл. пиво
- За ПОХУВАЊЕ ќе ви треба:
- маслинки без семка
- 1 брокула
- малку моркови
- биено сирење
- топено сирење
- малку кашкавал
- Ќе ви треба и:
- масло за пржење
Денес ќе готвиме заедно со Марија, готвач член на нашата веб-страница. Марија ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Топло предјадење од зеленчук и сирење.
Брзо и вкусно мезе за гостите кои ќе се најават во последен момент. Топло предјадење од зеленчук и сирење, похувани во смеса со пиво.
Подготовка
Чекор 1: Маслинките потопете ги во врела вода. Нека отстојат десетина минути и потоа исушете ги во крпа. Обарените моркови исечкајте ги, а брокулата искинете ја на цветчиња. Сирењето и кашкавалот исечете ги на подебели парчиња.
Чекор 2: Јајцето и пивото изматете ги убаво, додадете го брашното и матете додека смесата да стане густа и еднолична. Доколку има потреба, додадете уште малку брашно.
Чекор 3: Секое парче кое што сте го одбрале за похување, потопете го во смесата и пржете го во загреано масло додека не зарумени. Колку помеко сирење одберете, толку пократко пржете, за да не се растопи и истече.
Чекор 4: Сервирајте на голема чинија или даска, со прилог сос по желба.
СОВЕТ: Изборот и количината на состојки за похување го оставаме на вас. Доколку пробате со друг зеленчук, кажете ни го вашиот предлог.