Сендвич лебчиња со грашок и сланина
Состојки
- 150 гр чадена сланина
- 120 гр замрзнат грашок
- 1/2 средна главица кромид
- 1/2 лажиче мајчина душичка
- 1 јајце
- 200 мл топло млеко
- 70 мл масло
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 1/2 коцка квасец
- околу 500 гр брашно
- За премачкување
- по потреба млеко
- За посипување
- по потреба сусам
- За полнење
- по потреба крем сирење, домати, шунка, кашкавал, мајонез
Подготовка
За подготовка на овие лебчиња најпрво ситно исецкајте го кромидот и малку пропржете го во тава со 2 лажици масло. Додајте ја сланината исецкана на мали коцки и таа пропржете ја сосем малку да зацрвени. Потоа додајте го грашокот, мајчината душичка и 1/2 чаша вода. Измешајте и оставете да се динста додека течноста испари. Тавата тргнете ја на страна и оставете да олади. Не мора целосно, нека биде млака.
Во сад каде што ќе месите ставете ја смесата од тавата, додајте го јајцето, маслото, млекото, солта, шеќерот и квасецот малку изронат. Постепено додавајте го брашното и замесите средно меко изедначено тесто. Покриено оставете го да скисне 1/2 час. Потоа резмесете го и направите 12 топчина-лебчиња и редете ги во голем плех обложен со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со малку млеко и посипете ги со сусам.
Оставете ги да скиснат некои 35 мин.
Во меѓувреме загрејте ја рерната да се загрее на 190-200 степени. Ставете ги да се печат околу 20-25 мин.
Покриени оставете ги да оладат и послужете ги со полнење по желба.
Јас некои ги намачкав со крем сирење и кругови од домат, некои со крем сирење и шунка, само со кашкавал, со мајонез и шунка итн.