Испечати

Двобоен мешан месен ролат

Двобоен мешан месен ролат

Состојки

  • За темниот дел
  • 1 кг мелено месо по избор
  • 2 -3 главици кромид
  • 2 јајца
  • по желба и вкус зачини мешан сув зачин, сол и бибер
  • магдонос по слободна проценка (не може да утнете)
  • 2 -3 парчиња леб или презла
  • За светлиот дел
  • 3 парчиња бело месо
  • по вкус зачини мешан сув зачин, сол, бибер, магдонос
  • Дополнително
  • 3-4 парчиња морков
  • 200гр. грашок
  • За печењето
  • 200мл вода
  • окулу 100мл масло печење и попрскување

Подготовка

Лесен ролат за подготовка, средна брзина на подготовка, печењето одзема повеќе време, но сиот труд вреди.

Кромидот исецкајте го ситно, испасирајте го или изблендирајте го. Состојките за темниот дел измесете ги, да се соединат и размешаат убаво сите состојки. Поделете го на два дела.

За светлиот дел измелете го белото месо (или замолете во месара да ви го измелат), додадете ги останатите состојки и замесете го убаво да се соединат состојките. И светлата смеса поделете ја на два дела.

Морковите исецкајте ги на коцкички и поделете ги на два дела. Нема потреба да ги варите.
Грашокот поделете го на два дел по 100 гр.

За подготовка на ролатот земете алуминиумска фолија, попрскајте ја убаво со масло и врз неа натапкајте ја едната половина од темниот дел, врз темниот дел натапкајте ја едната половина од светлиот дел и врз светлиот дел рамнометно ставете ги морковите и грашокот (половината од вкупната доза)

Внимателно замотајте ролат, поттиснувајки постојано за да нема празен простор. Нема да личи убаво и може да се распадне при сечење ако има празен простор.
Убаво замотајте ја фолијата, да нема од каде да истекува.

На истиот начин направете го и вториот ролат.

Во садот во кој што ќе печете ставете вода на дното и сипете мала шољичка масло. Ставете ги ролатите во садот и печете во загреана рерна 2 часа на 180 степени. При крај на печењето, извадете ја фолијата и печете уште малку да зарумени.
Замоткувањето со алуминиумската фолија многу е важно да е убаво направено за да не влегува вода во ролатите.