Пралини со крем
Состојки
- За црните
- 3 црни чоколада
- 4 лажици масло
- 200 гр чоколаден крем
- За белите
- 3 бели чоколада
- 4 лажици масло
- 200 гр бел крем
Подготовка
Црни-Се топат две црни чоколада со 4 лажици масло. Се премачкуваат калапите со растопеното чоколадо, се ставаат 2-3 минути во фрижидер, па се повторува постапката уште еднаш.
Чоколадниот крем и едното црно чоколадо се растопуваат и се полнат калапите, но не до крај. Се оставаат во фрижидер на кратко и потоа се затвараат со преостанатото растопено чоколадо.
Истата постапка е и со белите пралини. Калапите се премачкуваат со растопено бело чоколадо и масло, а се полнат со растопениот бел крем со едно бело чоколадо.