Испечати

Маринирани пилешки крилца со мед

Маринирани пилешки крилца со мед

Состојки

  • 1/3 чаша зејтин
  • 1/4 чаша мед
  • 1/4 чаша сенф Дијон
  • 1/4 чаша сок од лимон
  • 4 чешниња лук стистани низ преса
  • околу 1 кгр. пилешки крилца

Подготовка

Слатко киселиот вкус кој го сака не може да не го бендиса.
Подготовката е сосема лесна.
- Сите состојки за маринадата измешајте ги во сад кој не е метален. Додадете ги крилцата кои сте ги исекле - врвовите не ги користам, ги тргам. Измешајте и оставете да одстојат неколку часа, а најдобро да ги спремите од вечер за да наредниот ден ги испечете.
- Пред да ги ставите да ги печете повторно измешајте ги.
- Земете една тавка и постелете ја со алуминиумска фолија. Врз неа ставете ја решетката на која ќе ги наредите крилцата. Ставете нека се печат во претходно загреана рерна на 200 степени. Повремено на едно 15 мин. извадете ги и со четка премачкајте ги повторно од маринадата. Се печат околу 45 мин.
- Извадете и уживајте.
Лепливо... ама вкуснооооо.....
Чашата која служи за мерка е од 200 мл.
Напомена
- Ако сте ги спремале крилцата од вечер, тогаш само еднаш при превртувањето е доволно да се премачкаат, а ако сте ги чувале само 2-3 часа во маринадата тогаш важи горенапишаното на 15 мин. да се премачкуваат.
- Во тавката се става фолијата заради откапувањето на сосот, да не ви загори тавката и непотребно да се мачите при миењето.
- Најчесто вака спремам крилца кога сакаат маринирано пилешко, што незначи дека не можете да спремите и копан со поткопан.
- Од самата маринада тие си имаат посебен вкус, не треба да се солат - бар на мене не ми недостасува сол, а кој сака да му е и маааалку соленко, нека стави сол но малку. Мојот предлог е воопшто да не ставате сол.
- Сервирајте со што сакате, кај нас некако не стасува за сервирање, веднаш се зема и се јаде- да речам мезе.