Испечати

Роденденско брауни

Роденденско брауни

Состојки

  • Брауни слој
  • 150 гр путер (растопен и оладен)
  • 2 јајца
  • 2 лажици нутела
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр дробени лешници
  • 1 шоља (од 200 мил) брашно
  • 50 гр какао
  • Слој со урда
  • 250 гр несолена урда
  • 2 јајца
  • 3 лажици нутела
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици шеќер
  • Карамелизирани лешници
  • 100 гр дробени лешници
  • 200 гр шеќер

Подготовка

Ми тргна со ставање урда во колачи! Од кога го направив Колачот на Кате со урда наместо со маскарпоне и ептен ме бендиса, еве уште една комбинација на чоколадо и урда!
Состојките за браунито убаво мешајте ги по редоследот по кој се напишани. Смесата истурете ја во намрсено тавче врз кое сте просеале какао и во посебен сад изметете ги состојките за вториот слој кој потоа ќе го истурите врз првиот слој.
Печете во рерна загреана на 160 степени 40тина минути.
Шеќерот за карамелизирање ставете го во сад и топете го на рингла. Кога ќе се направи карамелот, тргнете го на страна и истурете ги издробените лешници. Убаво промешајте и веднаш истурете врз мрсна хартија за да се олади. Ставете ги лешниците во 2-3 кесички и искршете го карамелот со чекан за месо.
Оладениот колач извадете го на тањир за сервирање или ставете го во ѕвоно за колачи и посипете го со карамелизираните лешници.
Ако сте скептични за урдата (ама баш ич не треба да бидете ама ете, јас познавам и такви) направете си го само првиот слој или пак не им кажувајте на гостите дека има урда (слатки мали лаги се дозволени).
Уживајте во овој прекрасен колач!