Топчиња од мелено месо полнети со кашкавал
Состојки
- 500 гр мелено месо
- 1 главица сецкан кромид
- 1 јајце
- 1 парче двопек
- 1/2лажиче оригано
- 50 гр рендан кашкавал
- зачин, сол, бибер
- 150 гр коцки кашкавал
- за поховање
- 1 јајце
- 100гр презла
- 30гр сусам
- 50гр брашно
- масло за пржење
- за коцки ароматичен путер
- 100гр путер
- оригано, чубрика, ситно сецкан магдонос
- 2 варени компири
Подготовка
Многу декоративни и вкусни топчиња.
Прво изматете го путерот со зачините и можете да го ставите во калапчиња за мраз или да се формира како салама.
Сега парчето леб се накиснува со вода, да омекни па се цеди.
Се замесуваат меленото мешано месо, јајцето, ренданиот кашкавал, кромидот, двопекот, зачините.
Се остава во фрижидер барем 2 часа месото да се ароматизира.
Се зема од смесата мелено месо се расплескува на дланката, во средината се става коцка кашкавал и се формира топче.
Се валкаат прво во брашно, јајце и во презла во која е додаден сусамот.
Се пржат на загреано масло.
Се редат на хартиени салфети.
Се сервираат на тањир, се става парче жежок варен компир, парче ароматизиран путер и се јаде.