Mакарони печени во јогурт
Состојки
- 400гр тестенини-макарони
- 1л јогурт
- 500мл кисела вода
- 180гр кисела павлака
- 150гр салама
- 1лажица сол
- 100мл зејтин
Подготовка
Јогуртот се меша со водата и павлаката. Убаво со вилушка се соединува и се додава и солта.
Макарoните се истураат во тавата во која ќе се печат и се налеваат со течноста. Се додава и 100мл зејтин и саламата убаво се меша и се става во рерна на 200степени околу 25-30 минути.