Похована боранија
Состојки
- 250гр зелена боранија
- 2 јајца
- 200гр презла
- 1 лажица зачин
- 1 лажичка ким
Подготовка
Боранијата се мие, чисти и се става да се свари заедно со зачините. Откако ќе се свари се цеди.
Јајцата се матат со вилушка. Се зема парче-мешунка од боранијата се макнува во јајце, презла и се пржи на загреан зејтин додека зацрвени од двете страни. Се служи со павлака.
Ако немате зелена боранија може да се користи и жолта-путерка.