Бомбици со бадеми и урми
Состојки
- 100 гр бадеми
- 200 гр чистени урми
- 1 лажица какао
- 80 гр суви кајсии
- 4 лажици мед
- 50 мл сок од боровница
- 2 лажици сок од лимон
- бадеми за украсување
Подготовка
Во мојата кујна во секое време ги има овие намирници, па од нив произлегуваат и ваквите посни, а брзи рецепти, т.е. заблажувачи на нашите страсти за „нешто благо“.
Бадемите сомелете ги на машинка за ореви. Кајсиите ситно исечкајте ги. Сите состојки ставете ги во сечко и добро иситнете ги т.е добро да се поврзат сите состојки. Формирајте бомбици.
Користам непечени бадеми, вие како си сакате. Можете да калкулирате со сок, за да ја добиете посакуваната густина за формирање на бомбицата.
Многу се брзи са подготовка. Кога ќе дојде некое од децава мои и ќе рече „мамо, има ли нешто благо“ и да нема , за 10 минути ќе има =)