Зелник со свинска маст и богат фил
Состојки
- За тесто
- 650гр.просеано бело брашно
- околу 16гр. пресен квасец
- 1 кафено лажиче сол
- 1 кафено лажиче шеќер
- по потреба млака вода
- За премачкување
- по потреба свинска маст
- За посоп
- малку нишесте
- За фил
- 4-5 страка праз
- 200гр.тврдо кравско сирење
- 1 кисела павлака
- 1-2 јајца
- За одозгора
- малку сусам
Подготовка
Омилен на нас....Пробајте го....
Тестото се замесува од наведените состојки, без претходно активирање на оформи мало правоаголниче.На ист начин се изработува и другиот дел.Се ставаат во длабоко замрзнување додека го подготвуваме филот.При изработката користиме нишесте, но во мала количина, еднаш ја посипуваме подлогата да не ни се залепи тестото додека ја отвораме, сучиме кората.
Филот го подготвуваме на тој начин што празот ситно го сецкаме, го пропржуваме, малку додаваме сол (внимаваме, бидејќи во филот има и сирење).Тргаме од рингла.Оставаме да подизлади.Го додаваме сирењето,павлаката и јајцата.Убаво изедначуваме.
Го вадиме тестото од фрижидер.Пак наросуваме малку нишесте на подлогата каде ќе работиме.Од првиот дел отвораме подебела кора.Ја ставаме во намрсен плех.Го нанесуваме филот.Ја сучиме и втората кора, таа ќе биде потенка.Ја нанесуваме над филот.Правиме набори и витка.Премачкуваме со малку св.маст.Наросуваме сусам.
Ставаме да се печи во загреана рерна околу 30-35мин. на 220 степени или зависно од вашата рерна.
На здравје!
*Во врска со квасецот само да кажам дека тоа е помалку од половина од коцката, т.о. 3/4 од половинката.
*Св.маст да биде одприлика колку што е една коцка маргарин, никогаш не сум квасецот.Веднаш се работи, не се кисни.Се дели на два дела.Едниот поголем, а другиот за мала работа помал.Се отвора правоаголна кора, целосно се премачкува со св. маст, па се преклопува на половина.А, потоа се мачка и дипли додека се измерила, работам од око.Премачкувањата се во танок слој, за да не се премрси.