Испечати

Сируп за искашлување

Сируп за искашлување

Состојки

  • 1 кгр. кромид
  • 1/2 кгр. мед
  • 5-6 листови ловор
  • 150-200 мл. вода

Подготовка

Веќе си залади времето, а со него и вирусите ни идат, настинки, кашлици... Еве еден добар предлог од мене како да си ја смирите кашлицата при настинките и грипот, делотворен е, го правам... вие како сакате.
 
- Излупете го кромидот, исечете на четвртинки, ставете во касеролата заедно со ловорот, поклопете со капак кој убаво затвара. Ставете сосема малку вода 150-200 мл. и варете на сосема тивок оган. Најдобро е да го варите кромидот на пареа и тоа околу 1 час. Доколку кромидот не се сварил, а водата ви испарила, додадете повторно малку вода.
- Извадете го кромидот и низ ситна газа добро процедете го. Кога ќе олади измешајте го со медот, ставете го фрижидер.
- Се пие како сируп 3 пати на ден по 2 супени лажици.
Напомена
-Кој го сака мирисот и вкусот на ловорот може и да ја зголеми количината и да стави 10 листа ловор.
- За да го подбрите вкусот доколку сметате дека не можете да го пието (а вкусен си е вака како што е рецептот и би советувала најрпвин да пробате и да одлучите) додадете цимет малку или каранфилче.
- Кога ќе го цедите јас велам да го исцедите многу добро, што помалку отпад ви остане - толку по е подобро. Треба да добиете густа желатинаста смеса.
- За дечињата кога ќе го давате не е на одмет заради полесно голтање, да извадите од медот во чаша и ставете ја во топла вода како би станал потечен и децата нема да го одбиваат,
- Го варам кромидот на пареа со вакум капак, доколку вие немате таква можност тогаш варете во касеролата, но добро затворена за да спречите лесно испарување на водата. Кромидот треба да е добро сварен и тогаш ќе можете да исцедите од него навистина повеќе сок.
- Велат дека и од лушпите може да се направи чај кога би ги свариле во вода и веднап прецедиле и нормално употребиле, тој е за една употреба, не се чува. Веднаш се цедат лушпите затоа што ако одсои некое време тој ке загорчи.
Ова не сум го пробала, но кога го слушав многу одамна докгорот на една хрватска телевизија кога објаснуваше, тој го препоача покрај сирупот и чајот. Сирупот од тогаш наваму редовно го правам кога за тоа има потреба.