Пишии
Состојки
- 1 кг. брашно
- 1/2 л. вода
- 2 јајца
- 1 свеж квасец
- 50 мл. зејтин
- 1 лажиче шеќер
- малку сол
Подготовка
Квасецот растворете го во млака вода и додајте го шеќерот.
Во подлабок сад замесете тесто од сите состојки постепено додавајќи ја водата. Откако ќе го замесите тестото оставете го да покисне 15тина мин. Потоа поделете го на неколку дела. Од секој дел расукајте кора со дебелина од околу 5мм. Потоа исечете ја кората во парчиња по желба. Парчињата наредете ги на кујнска крпа.
Откако ќе го исечете целото тесто на парчиња почнете со пржење во загреано масло со парчињата кои први сте ги исекле. За време на пржењето боцнете ги пишиите со вилушка неколку пати. Во маслото за пржење може да додадете маргарин или свинска маст по желба.