Испечати

Интегрално тесто за пица со ѓумбир (посно, веган)

Интегрално тесто за пица со ѓумбир (посно, веган)

Состојки

  • 1 чаша (250мл) брашно ( интегрално и малку пченкарно)
  • 100мл вода
  • 1/2 шољичка масло
  • 1 лажичка ѓумбир, сол, пециво
  • 1 интегрален сусам и кумин

Подготовка

Се ставаат брашното, пецивото, сол и ѓумбир во сад за мешање, се додава маслото и вода постепено за да се добие смеса како за мекици...

Се попрскува со сусам и семки по избор...ако сакате класична вегетаријана потпекувате 10 минути, редите со зеленчук и допекувате уште 10 минути, ако не само 20 минути како подлога за редење состојки по избор, на сликиве јас користев намаз од наут со маслинки и лук и домашна лутеница како брзи и здрави комбинации, летно време редам состојки за салата ...

Мирисот на ѓумбир дава прекрасен шмек, испечено посебно тестото е многу крцкаво и вкусно за правење посни канапеи...