Чококолачи со кокос
Состојки
- За колачот
- 2 јајца
- 200 гр шеќер
- 1 пециво
- 400 гр брашно
- 2 шољи млеко
- За чоколадниот фил
- 3 лажици какао
- 250 гр путер
- 1 чоколадо
- 100 мл млеко
- 200 гр шеќер
Подготовка
Оваа рецепта ми е од мајка ми и многу ме потсетува на детството. Таа ни ги приготвуваше овие колачиња, кои се навистина вкусни. Во нејзината тетратка се запишани како чоколадни колачи валкани во кокос, јас им го сменив името, некако многу долго ми се виде =)
И секојпат кога ќе ги направам си добивам убави комплименти, особено од моите деца, на кои многу им се допаѓаат.
Подготовка на тестото за колач
1. Јајцата и шеќерот ги матиме додека да се потстопи шеќерот.
2. Се додаваат млекото и брашното во кое сме го измешале пецивото. Мешаме на тивко со миксер и ја истураме смесата во тавче со димензии 38х23 (или приближно) на кое сме ставиле хартија за печење.
3. Печеме на 200 степени . Откако ќе се испече, малку да се подизлади колачот па го сечеме на коцки.
Чоколадниот фил го подготвуваме додека се пече тестото.
1. На тивко ги вариме шеќерот и млекото. Кога ќе почне да врие го додаваме какаото, малку да зоврие и го тргаме на страна од оганот. Во смесата ги ставаме чоколадото и путерот да се стопат. Мешаме и филот ни е спремен.
Секоја коцка ја потопуваме во чоколадниот фил па ја валкаме во кокосовото брашно.