Испечати

Крем салата со макарони

Крем салата со макарони

Состојки

  • 250 гр макарони
  • 5 тврдо варени јајца
  • 1/2 тегла кисели краставички
  • 1/2 тегла мајонез
  • 200 гр пилешка салама

Подготовка

Кога ми треба крем салата за повеќе луѓе, оваа ми паѓа прва на памет. Рецептот ми е од колешката Цеце која е одлична домаќинка и секогаш знае да зготви јадења кои нема да чинат цело богатство, а ќе бидат едноставни за правење и вкусни за јадење.
Сварете ги макароните, исцедете ги и оставете ги да се оладат. Краставичките исецкајте ги, а јајцата и саламата изрендајте ги. Сето тоа дадате го во макароните заедно со мајонезот и убаво измешајте.
Оригиналниот рецепт е со сецкана шунка.