Испечати

Крокети со блитва

Крокети со блитва

Состојки

  • 10 компири
  • 500 гр блитва
  • 1 главица кромид
  • 100 гр брашно
  • 1 лажиче црн бибер
  • 1 јајце

Подготовка

Ги вариме компирите, а потоа ги лупиме и оставаме да истинат малку.
Ги рендаме и во ренданото ставаме јајце, бибер и брашно.
Посолуваме.Месиме да добиеме тесто.
Подготвуваме фил.
На масло го пржиме ситно сецканиот кромид.
Откако ќе порумени се додава блитвата која исто така ја исецкавме на ситно.
Откако ќе омекне блитвата се зачинува и е спремна за употреба.
Земаме од тестото топче и го расплеснуваме со раката.
Во средишниот дел ставаме од филот па затвараме добро.
Оформеното топче го валкаме во презла.
Пржиме на загреано масло, на тивко.
Готовите крокети ги вадиме на чиниче послано салфета, за да сеупие вишокот на масло.
На здравје