Мајонез од соино млеко и куркума (посно)
Состојки
- 100мл. соино млеко
- 200мл. сончогледово масло
- 2 лажички домашен јаболков оцет
- 1 лажичка сенф
- 1 рамна лажичка куркума
- по потреба сол
Подготовка
Мајонез кој се прави за експресно брзо време, со далеку помалку калории, а е доста вкусен и ќе ви се најде за време на пости.
Начинот на спремање е едноставен.
Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека се добие она класична густина за мајонез.
Соберете во тегличка и веќе имате готов мајонез.