Испечати

Видео рецепт: Торта со 4 вида чоколадо

Видео рецепт: Торта со 4 вида чоколадо

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 4 јајца
  • 120 гр. црно чоколадо
  • 50 гр. путер
  • 4 големи лажици шеќер
  • 2 големи лажици брашно
  • За ФИЛ ќе ви треба:
  • 400 гр. маскарпоне
  • 50 гр. шеќер во прав
  • 500 мл. слатка павлака
  • 180 гр. црно чоколадо
  • 150 гр. бело чоколадо

Денес ќе готвиме заедно со Маја, готвач член на нашата веб-страница. Маја ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Торта со 4 вида чоколадо.

Торта со четири чоколадни вкусови. Богата чоколадна кора, со кремасти чоколадни филови. А како само изгледа!

Подготовка

Чекор 1: На тивок оган стопете го чоколадото со путерот. Одделете ги белките од жолчките и матете ги посебно. Во изматените жолчки додадете ги цврсто изматените белки, потоа додадете ги стопеното чоколадо и путер, и на крај додадете го брашното. Измешајте со лажица и смесата ставете ја да се пече 15 минути на 180 степени.

Чекор 2: Маскарпоне сирењето изматете го убаво со шеќерот во прав. Посебно изматете ја слатката крем павлака. Спојте ги двете смеси и заедно убаво изматете ги да се соединат.

Чекор 3: Добиениот крем поделете го на 3 еднакви делови. Растопете ги чоколадите. Во едниот дел додадете 100 грама бело чоколадо, во вториот дел 50 грама бело и 50 грама црно чоколадо, а во третиот дел 130 грама црно чоколадо.

Чекор 4: Оладеното тесто филувајте го почнувајќи со најтемниот фил, па светло кафениот и на крај белиот фил. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер два часа, а потоа сервирајте.

СОВЕТ: Оваа торта не е многу комплексна за подготовка, но крајниот резултат ќе ве вивне на врвот од мајсторите готвачи во очите на вашите најблиски!.