Испечати

Сомун

Сомун

Состојки

  • 700 гр. брашно
  • 30 гр. квасец
  • 3 лажици јогурт
  • 3 лажици зејтин
  • 1 лажичка сол
  • 300мл вода

Подготовка

Рецепти за лепчиња, сомуни - знам дека има овде, но одлучив да поставам и јас еден...
- Растворете го квасецот во малку млака вода, измешајте го брашното со солга, додадете во него јогуртот, веќе растворениот квасец и месете додавајки ја останатата количина на вода. Треба да добиете меко тесто. Оставете да стаса, премесет и формирајте во форма која ја сакате вие. Сомунот мора да биде потенок - затоа се вика и сомун.
-Печете знаете како - веќе многупати напишав - додека да стаса сомунот - вие вклучете ја рерната - загрејте го тавчето на која ке се пече сомунот, Префрлете го на загрената тавка - вратете назад и нека се печи. Јас печам околу 30 мин, на 200 -250 степени, но секој знаете како ви пече рерната и затоа прилагодете го времето и температурата спрема неа. Ако ги направам многу потенки, тогаш и времето на печење е пократко.
- Кога правам сомун сакам да е потенок - а формата никогаш иста.