Испечати

Супа со брокула и топено сирење

Супа со брокула и топено сирење

Состојки

  • 1 китка брокула
  • 2 моркова
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица брашно
  • 60 гр масло
  • 500 мл млеко
  • 500 мл супа од зеленчукова коцка
  • 200 гр топено сирење

Подготовка

Морковите ги лупиме и сецкаме на тркалца.
Лукот исто така го лупиме и сецкаме на ситно.
На масло се запржуваат морковите, а потоа лукчето.
По 5 минутно пржење на тивко ја додаваме супата од коцка.
Оставаме да поварат на тивко за да омекнат морковите.
Во друг сад на масло запржуваме брашно.
Кога заруменува се додава млекото.
Се промешува додка се спојуваат течностите.
Го додаваме топеното сирење и мешаме.
Оставаме да зоврие еднаш, а потоа ги додаваме брокулите кои ги исековме на ружички.
Од дршката на брокулата,сечеме во вид на стапчиња и ја додаваме во садот. Оставаме да поврие 5 минути и тргаме од оган.Зачинете со црн бибер или шафран.