Испечати

Торта Слоново Око

Торта Слоново Око

Состојки

  • Пандишпан 1
  • 9 белки
  • 5 жолчки
  • 6 супени лажици шеќер
  • 7 супени лажици брашно
  • 14 супени лажици мелени ореви
  • Пандишпан 2
  • 4 јајца
  • 4 супени лажици шеќер
  • 4 супени лажици брашно
  • мармалад од сливи или кајсии
  • Фил
  • 4 жолчки
  • 250 грама путер
  • 250 грама шеќер во прав
  • 100 грама рендано чоколадо за готвење
  • 250 грама мелени ореви

Подготовка

Ова е рецепт што мајка ми многу често ни го правеше кога бевме мали.

Пандишпан 1
Со миксер се мати снег од белките. Потоа постепено се додаваат шеќерот и жолчките. При додавање на брашното и оревите се продолжува со рачно мешање на пандишпанот. Се пече на околу 180 степени. Тестото се дели на два дела во однос 1 спрема 2.

Пандишпан 2
Со миксер се мати снег од белките. Потоа постепено се додаваат шеќерот и жолчките. При додавање на брашното се продолжува со рачно мешање на пандишпанот. Се пече на околу 180 степени. Додека е топол пандишпанот се витка како ролат во влажна крпа и се остава така да се олади. Потоа се отвара ролатот, се премачкува со мармалад и повторно се витка во форма на ролат.

Фил
Со миксер пенасто се матат путерот, жолчките и шеќерот. Потоа се додаваат оревите и чоколадото.

Формирање на тортата
На плех се става помалиот дел од пандишпан 1. Се става еден слој фил. Потоа се става белиот ролат (пандишпан 2). Повторно се филува околу ролатот и одозгора се става поголемиот дел од пандишпан 1. На крај се премачкува со фил целата торта.

Може да користите слатка павлака или шлаг крем за декорација.

Јас кога правам торта пандишпаните ги попрскувам со мед растворен во млака вода или со течност од слатко. Тоа им дава долготрајна мекост и специфичен вкус.