Испечати

Есенска салата

Есенска салата

Состојки

  • 1 помала зелка
  • 1 трупка
  • 1 цвекло
  • 2 моркова
  • масло, бибер, сол по желба
  • јаболков оцет по вкус

Подготовка

Ова е едноставна база за салата, во која што јас имам навика да ставам и лупен сончоглед, семки од тиква, сусам, лен и останати семки.

1. Зелката ја сечкаме на ситно
2. Трупката и цвеклото ги рендаме.
2. Зачинуваме, полеваме со оцет и масло и промешуваме.

Додатоците си ги ставаат дома по желба секој во својата чинија.