Индиски леб
Состојки
- 280-300гр брашно
- 1 лажиче пециво
- 1 лажиче сол
- 170 мл вода
- 50мл јогурт
Подготовка
Еве уште еден начин на некое лепче-тортиља за гиро.
Јас ја пробав и оваа варијанта.
Сите состојки се ставаат во една вангличка и се замесува средно тесто.
Се остава тестото покриено да стои 1 час.
Потоа се дели на 6 топчиња.
Секое се расукува во коричка со големина на тајнирче.
Се премачкува од двете страни со четка со маслиново масло и се пржи по 1 минута од двете страни.