Интегрални рози со фил од зелка (посно, веган)
Состојки
- 400 грама интегрално брашно
- 200 мл топла вода
- 1 лаж. сол, шеќер, малку квасец, сусам,бибер
- 1 шоља масло по избор
- 1/2 зелка, праз и црвена пиперка
Подготовка
Сите состојки се месат во апаратчето за месење леб. Ако месите рачно се меси, одмара по 10 минути, и се така по 4 пати притоа додавајки го маслото постепено.
Кога ќе биде готово тестото се прават 8 топчиња, се намастуваат и едно по едно се работат на масна подлога на следниов начин - секое топче се расукува во големина на тацна, се засекува по малку на 4 страни, се става фил и се затвора страна по страна, се попрскува со сусам, крупна сол и се реди на тавче.
Се пече околу половина час на 200 Ц. Пред да се извадат се попрскуваат со вода или мешавина на масло, вода и солца.
Фил
Половина свежа зелка се сече на мали парчиња, се пржи/динста малку праз и црвена пиперка, се додава зелката, се посолува и се чека да омекне. Се додава бибер по вкус ( трпи повеке).
Совет
- користете повеќе фил за да го неутрализира јакиот вкус на интегралното брашно!
- на подлогата попрскајте сусам и семки, па потоа сукајте ја кората, така убаво се лепат.
- маслото изгледа многу, но не се чувствува на вкус, само го прави тестото полесно за работа.
- може филот да биде и од кисела зелка ама ние ја одбегнуваме бидејки е премногу солена, ако сакате таков вкус само додајте малку јаболков оцет во пржењето.
- ако стојат некој ден стануваат уште повкусни !